„Нероаѕурите“ го решија и Лацио (ВИДЕО)

Интер продолжува сигурно да чекори кон одбрана на титулата во италијанската Серија А откако вечерва славеше на домашен терен против Лацио во натпревар од 21. коло. Домаќините стигнаа до водство со голот на Бастони во 30. минута, а само пет минути подоцна Имобиле израмни на 1-1.

Голот врден три бода за „нероаѕурите“ го постигна Милан Шкринар во 67. минута.

Во вториот натпревар од вечерашната понуда Салернитана славеше на гостувањето кај Верона со 1-2.

 

 

Се вчитува...