Несакани сцени во Тетово: „Балистите“ влегоа на стадион, Шкупи се повлече, мечот прекинат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Натпреварот во Тетово кој е славенички за Шкендија е прекинат откако пред крајот на натпреварот „Балистите“ влегоа на Градскиот стадион.

Добро е познато, дека поради пандемијата на Ковид-19, не е дозволено навивачи на трибините на спортските натпревари. Но, „Балистите“ и покрај отпорот на редарите на Шкендија успеаја да влезат на стадионот и со пиротехнички средства го прекинаа натпреварот.

Фудбалерите на Шкупи во моментов се повлекоа во соблекувалните, а натпреварот е во прекин…

 

Се вчитува...