Нешто што ретко се гледа: Најсреќниот гол на сезоната (ВИДЕО)

Фудбалерите на Болтон славеа против Флитвуд со 4-2 во натпреварот од 46. коло во третата по ранг лига во Англија.

А, видеото од вториот гол на натпреварот го мина буквално целиот свет како најсреќен гол на сезоната.

Фудбалерот на Болтон, Дион Чарлс во 37. минута постигна гол од центар за 1-1, и тоа на начин кој ретко се гледа. 26-годишниот напаѓач се впушти со лизгачки старт во обид да одземе топка, но стартот беше со таква силина што топката случајно одлета дури и до мрежата на Флитвуд.

Се вчитува...