Проблеми во функционирањето на Реал Мадрид. Карло Анчелоти и Флорентино Перез повторно имаат спротивставени ставови околу јануарскиот преоден рок.
Претходно проблемите почнаа во летниот предоен рок, кога италијанскиот тренер бараше ангажман на уште еден напаѓач, додека Перез ја одби таа можност.
Сега Анчелоти бара да се донесе стопер, со оглед дека Алаба и Милитао ќе бидат во аут до крајот на сезоната, но Перез смета дека доволни се Рудигер, Начо, како и Чуамени и Карвахал кои може да бидат прекомандувани во срцето на одбраната.
Анчелоти наводно од Перез побарал или некој млад стопер, што ќе биде иднината на Реал, или искусен кој веднаш ќе може да помогне на тимот. Рафаел Варан се споменува како опција, со оглед дека не игра во Јунајтед, но се споменуваат и Гонзало Инасио од Спортинг и Антонио Силва од Бенфика, иако за нив двата португлски тима бараат многу пари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА