Несторовски асистира – Удинезе триумфира (ВИДЕО)

Удинезе ја запиша и деветтата победа сезонава во Серија А, триумфирајќи на гостувањето против Кротоне со 1-2 во 31. коло.

„Црно-белите“ поведоа со голот на Де Пол во 41. минута, а на асистенција на македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Во вториот дел домашните најпрво израмнија на 1-1 преку Сими од пенал во 68. минута, а Де Пол во 74. минута ги постави конечните 1-2.

Несторовски настапи до 70. минута на средбата, кога беше заменет со Форестиери.

Во вториот пладневен натпревар, Сампдорија на домашен терен славеше со 3-1 против Верона.

 

Се вчитува...