Несторовски: Без разлика на се, оваа е за мене незаборавна сезона

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски вели дека, без разлика на се, ја минал најнезаборавната сезона во својата фудбалска кариера.

Несторовски одигра одлично по паузата поради коронавирусот во Серија А, по што и следната сезона ќе го носи дресот на Удинезе. Македонскиот напаѓач е убеден дека неговиот тим во новата сезона ќе игра далеку позначајно улога во најквалитетниот италијански шампионат.

„За мене оваа сезона е едноставно незаборавна. Минавме многу тешки моменти поради пандемијата, но исто така сме пресреќни што се се заврши на фудбалскиот терен. Ја завршивме сезоната со многу нови искуства од секаков агол. Со Удинезе успеавме да дојдеме до зацртаната цел, а во новата сезона верувам дека ќе биде на едно ново повисоко ниво. Секако, многу би ни значело и со навивачите на трибините во новата сезона“ – вели Несторовски за италијанските медиуми.

Се вчитува...