Несторовски на клупа Удинезе во последните моменти до триумф над Торино (ВИДЕО)

Удинезе го совлада Торино со 2-0 во 24. коло од италијанската Серија А. Еден типичен италијански натпревар во кој и двата тима повеќе размислуваа за тоа како да останат непоразени, отколку да нападнат и да ги освојат трите бода, но сепак во финишот среќата беше на страната на домаќините кои со голoвите на Молина во 93. и Пусето во 97. успеаја да стигнат до три бода.

Во 92. минута фудбалерот на гостите Мандрагора доби втор жолт поради кој мораше да го напушти теренот. Македонскиот репрезентативец Илијан Несторовски и на овој меч не влезе во игра и остана на клупата за резерви.

 

 

Се вчитува...