Несторовски не мрда од Палермо во јануари

Илија Несторовски нема да биде продаден во текот на јануарскиот преоден рок без оглед колкава понуда ќе пристигне до Палермо за услугите на македонскиот репрезентативец. Ставот на управата на сицилијанскиот клуб е дециден – приоритет е враќањето во „Серија “, а за остварување на таа цел неопходна ќе биде помошта на Несторовски.

„Дел од медиумите почнаа со шпекулации за иднината на Илија Несторовски, но Палермо нема намера да го продаде. Тоа е едногласен став на тренерот Стелоне и на директорот Фоски, кои во Македонецот гледаат главен адут во битката за титулата во втората лига и враќање во елитата на италијанскиот фудбал. Згора на тоа, Несторовски има договор до 2021 година, така што нема ризик од негово заминување како слободен играч“  – информираат сицилијанските медиуми повикувајќи се на извори од управата на клубот.

Несторовски поради повреда на мускулот ги пропушти последните две средби на својот тим, а неговиот камбек на теренот се очекува кон средината на месеци јануари.

Палермо моментно се наоѓа на првото место на табелата со 31 бод, два повеќе од второпласираниот тим на Лече.

Се вчитува...