Несторовски од клупа ја следеше убедливата победа на Удинезе над Калјари (ВИДЕО)

Удинезе стигна до убедлив триумф на гостувањето кај Калјани од 0-4 во натпревар од 18. коло во италијанската Серија А. Макенго уште во 4. минута донесе водство за гостите од 0-1, а на полувреме се замина со резултат 0-2 откако Делофеу стрелаше во 45. минута.

Во вториот дел победата на тимот од Удине ја потврдија Молина и Делофеу со својот втор гол на натпреаврот. Македонскиот интернационалец, Илија Несторовски кој се уште се враќа од тешката повреда поради која го пропушти Европското првенство се најде на клупата за резерви на тимот на Удинезе.

 

 

Се вчитува...