Несторовски: Ова е погодок само за една личност…, голема победа на „Олимпико“

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со убав погодок партиципираше во повеќе од значајната гостинска победа на Удинезе од 0-2 против Рома на „Олимпико“.

Несторовски, очекувано, по мечот не го криеше задоволството од триумфот но и постигнатиот погодок, втор за него сезонава во дресот на Удинезе. Притоа, посветувајќи го погодокот на соиграчот Роландо Мандрагора, кој пред десеттина дена заработи тешка повреда па го очекува голема пауза од терените.

„Најважна е победата. Заслуживме сега три бода, иако ако се осврнеме наназад не одигравме добро на првите два натпревари, прво против Торино и потоа против одличен тим како што е Аталанта. Но, сега сме среќни за триумфот во Рим. Победата и погодокот ги посветувам на Роландо. Знаеме дека минува низ тежок период, но собра сили и дојде со нас присутен на стадионот да даде поддршка на тимот. Овој триумф е за него и се надевам дека ќе може наскоро да се врати на терените, затоа што многу ни недостасува во тимот“ – истакна Несторовски по синоќешниот натпревар.

Се вчитува...