Несторовски по пристигнувањето на Кипар: Овој тим се поотворено покажува колку силен карактер има

Македонската репрезентација од денеска е на Кипар каде во среда ја очекува последниот натпревар од Ц-лигата во Лигата на нации против селекцијата на Ерменија, кој ќе одлучува за првото место во групата и пласман во Б-лигата од следната сезона.

По слетувањето во Никозија, офанзивецот на Удинезе, Илија Несторовски уште еднаш го потенцираше менталитетот на овој тим како еден од клучните фактори за успешните резултати низ актуелнава година.

„И на натпреварот против Естонија кој дојде по еден историски меч покажавме колку овој тим е силен, не само од играчки аспект, но отворено демонстриравме колку силен карактер има. И наспроти онаа емоцијална испразнетост по големиот успех против Грузија демонстриравме победнички менталитет кој треба да не краси и во иднина. Навистина горд сум што сум дел од еден ваков тим. И без разлика со колку проблеми сега се соочуваме пред натпреварот со Ерменија сигурен сум дека повторно ќе дадеме 100% од нашите сили за да дојдеме до целта“ – вели Несторовски.

Македонската репрезентација денеска ќе го одработи првиот тренинг по пристигнувањето во Никозија, утре ја очекува официјалниот тренинг а во среда и дуелот против Ерменија кој стартува од 18 часот.

Се вчитува...