Офанзивецот на италијанскиот Палермо, Илија Несторовски игра во одлична гол-форма во дресот на својот клуб оваа есен…Но, Несторовски и тоа како посакува сето тоа да се пренесе во националниот тим.
Во дресот на Палермо има три гола на последните три натпревари, но во дресот на репрезентацијата не знае за гол од 24. март 2017 година кога постигна два гола во триумфот од 0-3 на гостувањето против Лихтенштајн, токму противникот кој не очекува во сабота на „Филип Втори“ во Лигата на нациите.
„Искрено, сакам повторно да се вратам и со головите во националниот тим… Посакувам да погодам на следните натпревари, иако секако во преден план ми се само победите на репрезентацијата. Добро ги стартувавме натпреварите во Лигата на нации минатиот месец и сега треба да продолжиме во ист стил. Веруваме во триумф против Лихтенштајн, со што потоа дополнително мотивирано би патувале на мечот против Ерменија во Ереван“ – вели Несторовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА