Несторовски повторно на клупа – Удинезе подобар од Сампдорија

Удинезе славеше со 2-1 на домашен терен против Сампдорија во првиот натпревар од денешната понуда во 28. коло во италијанската Серија А. Домаќините по само 12. минути имаа веќе водство од 2-0 со головите на Делуфеу и Удогие.

Само минута подоцна гостите намалија на 2-1 со голот на Капуто. И кога се мислеше дека ќе гледаме „голеада“, сепак до крајот стрелците мируваа и тимот од Удине успеа да ја задржи предноста и да стигне до нови три бода во калчолигата.

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски и овој натпревар го помина на клупата за резерви.

 

 

 

Се вчитува...