Несторовски се повреди, следи пауза од еден месец

Илија Несторовски го очекува пауза од најмалку еден месец од фудбалските терени по повредата што македонскиот голгетер ја заработи на тренинг на Палермо во текот на минатата седмица. Нашиот интернационалец го пропушти последниот дуел со Ливорно, а денешните детални лекарски прегледи не донесоа ништо добро за Несторовски и за сицилијанскиот клуб.

„Прегледите покажаа повреда од втор степен на мускулот на левата нога. Вообичаена пауза при ваков вид на спортски повреди е околу еден месец“ – се вели во соопштението на сицилијанскиот клуб.

Ова значи дека Несторовски ќе ги пропушти следните средби со Специја, Асколи и Читадела, на кои Палермо ќе води битка за да се задржи на врвот на табелата во Серија Б. По 17 одиграни кола тимот на Несторовски и на Трајковски е првопласиран на табелата со 30 бода, три повеќе од второпласираната Бреша.

Се вчитува...