Несторовски: Среќен сум за првиот гол на домашен терен, и тоа против Јувентус…

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, со својот трет гол сезонава во дресот на Удинезе, беше најзаслужниот за големата победа на неговиот тим против Јувентус од 2-1 во 35. коло од Серија А. Триумф и тоа како значаен за сигурен опстанок на Удинезе во најквалитетното италијанско клупско натпреварување.

По мечот Нестор-гол не го криеше задоволството од победата, истакнувајќи дека му е само жал што не можеле да ја прослават заедно со навивачите.

„Ова беше навистина голема победа за нас која апсолутно ја заслуживме. Многу важна… Секако, среќен сум за својот прв гол на домашен терен, иако жалам што триумфот не можевме да го прославиме со навивачите“ – истакна Несторовски.

Удинезе по цели 10 години успева да стигне до триумф против Јувентус во Серија А. Сега тимот е само на чекор од посакуваниот опстанок во елитата.

Се вчитува...