Несторовски стартер, Удинезе не го победи „фенерџијата“

Илија Несторовски доби шанса во стартниот тим на Удинезе по победничкиот гол на дуелот со Торино, но „фриулијаните“ со Македонецот во екипата не успеаја да го скршат отпорот на Кротоне, ремизирајќи 0-0 против „фенерџијата“ на калчолигашката табела.

Удинезе имаше иницијатива на теренот, создаде пет-шест одлични шанси, на домаќините им беа поништени и два гола поради офсајд, но не успеаја да најдат начин да го матираат гостинскиот голман.

Несторовски имаше убава можност во 30. минута, кога голманот Кордаз го запре неговиот обид. Македонскиот репрезентативец беше заменет во 63. минута, на негово место влезе Шпанецот Деулофеу, но ниту екс-играчот на Барселона не успеа да помогне да биде најден патот до мрежата на Кротоне на оваа средба.

Се вчитува...