Несторовски: Ветив 10 гола, се надевам дека ќе ги постигнам следната сезона

Илија Несторовски имаше турбулентна дебитантска сезона во дресот на Удинезе, во која македонскиот интернационалец не беше најстандарден во првиот тим на „фриулијаните“. Тој успеа да постигне неколку значајни погодоци, но не е задоволен од личната статистика сезонава, надевајќи се ан многу подобри бројки во наредниот шампионат.

„Кога пристигнав ветив 10 гола по сезона, но не го познавав тимот најдобро. Полека, но сигурно успеав да се адаптирам, формата ми се движи во нагорна линија. Се надевам дека следната сезона ќе го исполнам ветувањето и ќе стигнам до двоцифрен број на погодоци“, изјави Несторовски.

Негов потег на сезоната дефинитивно е голот на дуелот со Јувентус, кога со силен удар со глава го матираше Шчешни.

„Да се постигне гол по 20 додавања, и тоа против ривал како Јувентус, тоа беше неверојатна тимска акција што заврши со моја реализација. Клучна е самодовербата, знаеме дека сме способни, дека можеме да играме против секого. Ја победивме Рома во Рим, го добивме и Јувентус, сега знаеме дека можеме да освојуваме бодови на секој терен во Италија“, оптимист е во пресрет на наредната сезона македонскиот голгетер.

Се вчитува...