Нето потпиша четиригодишен договор со Барселона

Бразилскиот голман Нето е нов член на Барселона. Тој потпиша четиригодишен договор со каталонскиот клуб и доаѓа на „Камп Ноу“ за сума од 26 милиони евра. Неговата откупна клаузула ќе изнесува 200 милиони евра.

Барселона и Валенсија ги заменија голманите. Силесен замина на „Месталја“, а Нето потпиша договор со Барселона.

Каталонскиот клуб сега се фокусира на враќањето на Нејмар.

Се вчитува...