Невакцинираниот Ирвинг се враќа во НБА – Ќе игра само на гостинските мечеви на Бруклин

Плејмејкерот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг сепак ќе заигра сезонава во НБА лигата, пренесуваат американските медиуми. Тимот од Њујорк е подготвен да го врати во тимот кошаркарот кој не сака да се вакцинира против ковид-19 и на тој начин не смее да настапува во „големото јаболко“.

Сепак, Нетс постигнале план со Ирвинг во кој тој ќе тренира сам, а за тимот ќе настапува само на гостувањата. За да настапи на НБА меч и доколку се уште не сака да се вакцинира ќе мора да обезбеди пет негативни тестови во низа против вирусот.

 

Се вчитува...