Неверојатен гол: Омонија се спаси од пораз со гол од половина терен во 90. минута (ВИДЕО)

Фудбалерите на Карабак и Омонија ремизираа со 2-2 во 5. коло од Конференцикската лига благодарение на голот на Гомез од половина терен во 90. минута.

Кипарскиот тим поведе во 43. минута од мечот, но домаќините до целосен пресврт стигнаа преку автоголот на Псалтис во 49. минута и голот на Андраде во 88. минута. А, кога се чинеше дека Карабак ќе ја осигура првата позиција во групата пред последното коло на сцена стапи Гомез кој го искористи „опуштањето“ на голманот Мохамадалиев за спектакуларен гол.

 

Се вчитува...