Неверојатен пех – Заврши годината за Дембеле

Барселона ја совлада Борусија Дортмунд со 3-1 и обезбеди пласман во осминафиналето во Лигата на шампионите. Каталонскиот клуб до победата стигна на крилата на Лионел Меси кој постигна еден гол и запиша две асистенции.

Од првата минута играше и Османа Дембеле кој неодамна се опорави од повредата. Сепак, по само 25 минути Ернесто Валверде мораше да го извади бидејќи повторно се повреди. Тој ја повреди задната ложа поради која нема да биде дел и од „Ел класико“, а надвор од терените ќе биде до крајот на календарската 2019 година.

 

Се вчитува...