Неверојатен пресврт на настаните – Клоп го напушта Ливерпул?

Германскиот стратег Јирген Клоп би можел да го напушти Ливерпул на крајот на сезоната и да седне на клупата на фудбалската репрезентација на Германија, пренесуваат британските медиуми.

Јирген Клоп е на чекор до освојување на Премиер-лигата со Ливерпул по пауза од 30 години, а единствена пречка во моментов е пандемијата од коронавирусот, бидејќи тимот од „Енфилд“ пред суспензијата на шампионатот имаше голема предност на табелата пред второпласираниот Манчестер Сити.

Раководството на „црвените“ сака да го задржи Клоп до крајот на договорот кој му истекува во јуни 2024. година, но од фудбалската федерација на Германија се решени искусниот стратег да го смени Јоаким Лев на клупата на репрезентацијата.

Договорот на Јоаким Лев со репрезентацијата на Германија истекува во 2022 година, но според британските медиуми може да се случи уште летово Клоп да седне на клупата на репрезентацијата.

Се вчитува...