Неверојатна аргентинска приказна: Работник во ресторан за брза храна преку ноќ стана обезбедување само да го гледа Меси

Во Аргентина во моментов тешко дека има нешто посвето од Лионел Меси, а луѓето кои имаат шанси да ја гледаат фудбалската ѕвезда во живо едноставно се сметаат за најсреќните на светот.

Дури два милиони Аргентинци се обидоа да дојдат до билети за пријателскиот натпревар на Аргентина со Панама, кој беше прв откако „гаучосите“ го освоија Светското првенство во Катар.

Сите на стадионот „Монументал“ сакаа да ги поздрават светските шампиони, но сепак само 65.000 од нив можеа да ја почувствуваат таа среќа. Меѓу нив, сосема случајно, се најде и еден човек по име Џонатан Абот.

Џонатан е работник во ресторан за брза храна во Вила дел Парк и очигледно страстен навивач на фудбалската репрезентација како и секој жител на Аргентина. Цените на билетите беа такви што тој не можеше да си дозволи.

Сепак, Џонатан не се обесхрабри, продолжи да верува во чуда, дека ќе биде на мечот со Панама и дека конечно ќе го гледа Меси во живо. На крајот успеа со тоа што беше пријавен да работи како обезбедување на тој меч.

Се вчитува...