Неверојатна глупост: Мислеше дека е сигурно во полуфинале, но ривалките ја претркаа пред целната линија (видео)

Шерика Џексон го освои бронзениот медал на атлетичарската трка на 100 метри, се очекуваше да атакува на медал и на двојно подолгата делница, но атлетичарката од Јамајка шокантно остана без пласман во полуфиналето во оваа дисциплина.

Виновна е само таа, бидејќи тактизираше во квалификациската трка, мислејќи дека сигурно е во Топ3 забави во последните дваестина метри и им овозможи на ривалките да ја минат. Џексон на крајот го освои четвртото место, не обезбедувајќи пласман во полуфиналето.

„Очигледно е дека лошо ја процени ситуацијата и ја плати цената поради тоа. Таа не е ветеранка, туку почетничка на 200 метри. Сепак, сите очекувавме повеќе од неа. Ќе научи од оваа грешка“, изјави селекторот на спринтерската репрезентација на Јамајка, Стивен Френсис.

Се вчитува...