Неверојатна партија на Богдан Богдановиќ: По 13 промашувања, постигна 10 поени по ред во финишот за триумф на Атланта (ВИДЕО)

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ ја имаше веројатно најнеобичната вечера во кариерата. Против Филаделфија ги промаши првите 13 шута меѓу кои и осум тројки. Првите поени успеа да ги постигне дури на помалку од четири минути пред крајот со тројка носејќи ја Атланта до предност од 91-90.

А, потоа сите поени до крајот на мечот за Атланта ги постигна токму Богдановиќ кој нанижувајќи десет поени без промашување донесе триумф за својот тим од 98-96, откако на крај Џоел Ембид промаши за продолжение.

Богдановиќ мечот го заврши со 15 поени и шут од 4/17 иако до четири минути пред крајот имаше шут од 0/13.

„На крај испадна добро. Не можев да дозволам да срушам некаков негативен рекорд“ – рече по мечот Богдановиќ.

Хрватот Бојан Богдановиќ, пак, одигра ефикасен меч со 18 поени допринесувајќи Јута да дојде до победа од 128-116 против Минесота.

Донован Мичел за Јута постигна 28 поени, а Руди Гобер запиша 20 поени дополнети со 17 скока и четири блокади.

Се вчитува...