Неверојатна серија: Рома 19 години прима голови на гостувања во ЛШ

Рома игра фантастично сезонава под водство на Гасперини, но „волчицата“ вечерва ќе се обиде да прекине една неверојатна „црна серија“ што трае нецели 20 години.

Повеќе од 19 години минаа откако Рома одигра гостински натпревар во Лигата на Шампионите и успеа да ја сочува мрежата незатресена, од дуелот на 6 март 2007 година против Лион што „волчицата“ го доби со 0-2.

Оттогаш Рома гостуваше 32 пати на најразлични терени ширум Европа и редовно примаше најмалку по еден погодок.

За симболиката да е уште поголема, оваа „црна серија“ почна со гостувањето на „Олд Трафорд“ и поразот од убедливи 7-1 против Манчестер јунајтед, дуел на кој два гола за домашниот тим постигна Мајкл Карик.

Римјаните имаат можност оваа црна серија да ја прекинат онаму каде што ја започнаа, со Карик повторно во Манчестер јунајтед, овојпат на клупата на „црвените ѓаволи“.

Се вчитува...