Неверојатна сума: Никола Јокиќ го потпиша најголемиот договор во историјата на НБА!

Официјално парафиран најголемиот договор во историјата на НБА, потпишан од двојниот освојувач на МВП-титулата, Никола Јокиќ. Српскиот кошаркар со раководството на Денвер потпиша нов договор на пет сезони почнувајќи од сезоната 2023/24 вреден неверојатни 264 милиони долари.

Според договорот Јокиќ во првата година ќе заработи 46,55 милиони долари, а потоа секоја година ќе следи покачување за 8%. Во последната година од договорот српскиот кошаркар ќе добие 63,33 милиони долари. Исто така во договорот има и трејд-клазула од која Јокиќ би можел дополнително да инкасира во согласност со процентите, кои се пресметуваат на основа на траењето на договорот.

По овој договор Србинот е најбогат спортист на Балканот, со 50 милиони долари повеќе во однос на Лука Дончиќ, кој минатата година потпиша супермаксимален петгодишен договор вреден 207 милиони долари.

Се вчитува...