Неверојатни резултати за Рохас и Обири, злато за штафетите на САД и Јамајка

Машката штафета на 4×100 метри конечно стигна до златниот медал на Светското првенство. Американските херои во состав Колман, Гетлин, Роџерс и Лајлс до златото стигна со време од 37.10 секунди што е најдобро време во светот годинава. Среброто им припадна на Британците Џемили, Хјуз, Килти и Мичел Блејк кои со време од 37.36 поставија нов европски рекорд. Изненадувачки бронзата и припадна на Јапонија која со време од 37.43 стигнаа до нов рекорд на Азија.

Женската штафета на Јамајка  во состав Шели Ен Фрејзер Прајс, Наталија Вајт, Џонел Смит и Шерика Џексон стигна до златото на трката на на 4×100 метри со време од 41.44 секунди што е најдобар резултат во светот сезонава. Среброто и припадна на одличната штафета на Велика Британија (41.85) од која беше дел и златната од трката на 200 метри Дина Ашер Смит, додека со брона се закитија Соединетите американски држави.

Златото во трискок и припадна на неверојатната Јулимар Рохас која скокна 14.37 метри што е четврт најдобар скок на сите времиња. Среброто и припадна на Јамајканката Рикетс со 14.92 метри, додека бронзена беше легендарната Катрин Ибаргуен со прескокнати 14.73 метри.

Рекорд на шампионитите во оваа грандиозна ноќ беше урнат и на трката на 5 000 метри, каде Кенијката Хелен Обири до златото стигна со време од 14:26.72 минути. Среброто и припадна на нејзината сонародничка Кипкембои, додека бронзена беше младата Германка Клостерхалфен.

Се вчитува...