Неверојатниот Дончиќ постигна повеќе поени од американските ѕвезди заедно и го „сруши“ Гугл (ФОТО)

Лука Дончиќ блесна во првиот натпревар за Словенија на Олимписките игри предводејќи ја својата репрезентација до победа против Аргентина со 118-100 со дабл-дабл учинок од 48 поени и 11 скока на кој додаде и пет асистенции.

Со овој број на поени Словенецот успеа да го надмине учинокот на Кевин Дурент, Дамиен Лилард, Зек Лавин и Дру Холидеј кои во поразот од Франција вкупно комбинираа 47 поени.

Во третата четвртина од мечот Дончиќ веќе постигна 35 поени, а со тоа започнало и „гуглањето“ за рекордот на бројот на постигнати поени на еден натпревар на Олимписките игри.

Се вчитува...