Неверојатниот Лука недоволен за победа на Далас, важен триумф на Лејкерс

Лука Дончиќ имаше нова неверојатна партија во НБА лигата откако го предводеше својот тим во поразот од Оклахома со 114-120 по продолжение. Словенецот натпреварот го заврши со 40 поени на кои додаде и 10 асистенции и 6 скока, но тоа не беше доволно. Кај гостите се истакна Дорт со 30 пони и 6 скока, додека еден поен помалку постигна Ман.

Лејкерс ставија крај на серијата од три порази во низа откако славеа со 99-94 над Портланд. До преважната победа во трката за изборување на плејоф тимот од Лос Анџелес го предводеше Дејвис со 30 поени и 15 скока, додека 24 поени и 8 скока додаде Ентони. Повел беше лидер на гостите со 30 поени и 5 скока.

Во останатите натпревари Орландо славеше со 118-119 над Индијана, Вашингтон со 103-106 над Филаделфија, Бостон со 113-107 над Шарлот, Мемфис го доби гостувањето кај Њујорк со 108-120, Хјустон беше подобар од Кливленд со 115-104, Сакраменто го доби Бруклин со 112-101, додека Денвер без Јокиќ загуби со 108-104 од Јута.

Се вчитува...