Веста дека селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, одлучил неговиот имењак Лионел Меси да не игра на почетокот од натпреварот против Јордан и да остане на клупата не ги загрижи навивачите бидејќи 39-годишниот волшебник вложи голем напор за првото место во Групата Ј.
Меси влезе во игра во 60. минута против Јордан, пет минути откако Муса Тамари, капитенот на противникот, го намали водството на Аргентина на 2-1.
Секако, немаше причина за паника во редовите на бранителите на титулата, а „десетката“ на јужноамериканската селекција ја потврди својата класа со „гол“ од слободен удар што ја воодушеви публиката во Арлингтон, а воедно го постави и конечниот резултат 3-1.
Тоа беше седмиот гол на Меси на Светското првенство по ред, бидејќи постигна голови во секој натпревар од нокаут фазата од неговата триумфална кампања во Катар, соборувајќи рекорд стар 68 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
