Неверојатниот Морент со лекција за Вориорс, Бостон израмни против Милвоки (ВИДЕО)

Мемфис Гризлис израмнија на (1-1) во полуфиналната серија во Западната конференција, откако синоќа славеа во вториот натпревар на домашен терен против Голден Стејт Вориорс со 106-101.

Прво име во таборот на победникот беше Жа Морант кој одигра неверојатен меч завршувајќи го со 47 поени. Кај поразените недоволни беа 27 поени на Стеф Кари.

На истокот, Бостон Селтикс исто така израмни на (1-1) во серијата против шампионот Милвоки Бакс, откако синоќа на домашен терен славеше со 109-86. Џејлен Браун со 30 и Џејсон Тејтум со 29 поени беа виновници за големата победа на Селтикс, додека кај поразените Јанис заврши со 28 поени.

 

Се вчитува...