Неверојатните Словенци до злато во тимското натпреварување на СП на Планица

Словенија стигна до златен медал во тимското натпреварување на големата скокалница на претпоследниот ден од Светското првенство во нордиски спортови кое се одржува на Планица.

Словенците во состав Ловро Кос, Жига Јелар, Тими Зајц и Анже Ланишек освоија вкупно 1178.9 поени што беше доволно за втор златен медал на шампионатот, по вчерашниот на Зајц во индивидуалното натпреварување на големата скокалница.

Сребрениот медал и припадна на Норвешка во состав Форфанг, Сундал, Линдвик и Гранеруд, додека со бронза се закитија Австријците Чофениг, Хабок, Херл и Крафт.

Утре на последниот ден од Светското првенство ќе биде само масовната трка на 50 километри во крос-кантри кај мажите.

Се вчитува...