Неверојатно: Бурунди му го загорчи животот на Обамејанг

Фудбалската репрезентација на Бурунди за првпат во својата историја се пласираше на Купот на нации на Африка.

Во директната пресметка против селекцијата на Габон, предводена од Пјер-Емерик Обамејанг, одиграа 1-1 и на тој начин си го осигураа второто место во групата кое води на собирот на најдобрите на афричкиот континент.

Габон темелеше огромни надежи во Обамејанг кој беше пречекан како херој во желбата да ги донесе до победата. Но, не успеа во тоа. Бурунди поведе со голот на Амиси во 77. минута, а Габон успеа само да израмни на пет минути пред крајот со голот на Нганду. Па, Габон нема да учествува на Купот на нациите на Африка.

 

Крајот на денешниот натпревар за Бурунди значеше огромно славје… Купот на нациите на Африка ќе се игра од 21. јуни до 19. јули, а домаќин е Египет.

 

Се вчитува...