Неверојатно – Челси 150 пати ги прекшил правилата за трансфери

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на прекршоци кои ги направил англискиот Челси кои довеле до забрана за трансфери. Во последните 10 години лондонскиот клуб правилата за трансфери ги прекршил неверојатни 150 пати, а во прашање биле 69 различни фудбалери од академијата, пренесуваат англиските медиуми.

Иако од Челси упатија жалба на одлуката, таа експресно беше отфрлена од ФИФА, а покрај суспензијата клубот беше казнет и со 600 илјади швајцарски франци. Поради забраната за трансфери новиот тренер на клубот Френк Лампард летово реши да им даде шанса на младите фудбалери кои потекнуваат од младинската школа на Челси.

 

Се вчитува...