Неверојатно: Ембид со тројка во последната секунда донесе „брејк“ во Торонто (ВИДЕО)

Филаделфија е првиот тим оваа сезона кој во плеј-оф серија стигна до предност од 3-0 откако на гостински терен славеше против Торонто со 101-104 по продолженија, а херојот на мечот беше Џоел Ембид кој погоди во последната секунда.

Имено, со само 2.5 секунди останати на семафорот камерунскиот центар се обиде за три поени, а откако погоди „без коски“ следеше големо славје на теренот.

Се вчитува...