Неверојатно: Гризман доби и трето дете, сите се родени на 8 април

За Антоан Гризман нема дилема, 8 април дефинитивно му е најсреќен ден во годината, откако асот на Барселона денеска се израдува на раѓањето на своето трето дете, родено на ист датум како и претходните две.

Миа Гризман денеска го прославува својот петти роденден, додека синот Амаро Гризман денеска полни две години. Антоан преку профилите на социјалните мрежи се пофали со раѓањето на својата втора ќерка, што ќе се вика Алба.

Асот на Барселона долги години е во врска со Ерика Чоперена, со која се запозна уште додека настапуваше за тимот на Реал Сосиедад.

Се вчитува...