Неверојатно, но вистинито: Кошаркар ја одигра најдобрата четвртина, ги постигна сите 28 поени на својот тим за 10 минути! (ВИДЕО)

Дали оваа сабота се одигра најдобрата четвртина во историјата на кошарката? На oвој начин, многумина ја коментираа неверојатната игра на играчот на Каршијака, Бонзи Колсон.

Овој кошаркар ги постигна сите 28 поени на својот тим во првата четвртина од натпреварот во меч од турското првенство!

Каршијака го совлада Бахчешехир со резултат 90-81, но по тој триумф, сите зборуваат за апсолутниот херој Колсон.

Овој кошаркар натпреварот го заврши со 41 поен, но тој извонреден настап не кажува доволно за тоа што успеа да постигне. Имено, Каршијака ја доби првата четвртина со резултат 28-17, а сите поени ги постигна Американскиот кошаркар.

До крајот на натпреварот, Колсон малку забави, дозволувајќи им на соиграчите да постигнат поени, па натпреварот го заврши со 41 поен, што воедно е и рекорд во неговата кариера.

 

 

 

Се вчитува...