Неверојатно, но вистинито: Нојер е блиску до рушење на негативен рекорд во кариерата

Мануел Нојер е без сомнение еден од најдобрите голмани во светот во изминатите 10 години. Феноменалниот голман на Баерн Минхен често правеше чуда на голот и ги спасуваше „баварците“, па затоа е вистински предизвик за напаѓачите да се соочат со него.

Сепак, оваа сезона во Бундеслигата, Нојер прими повеќе голови од вообичаеното и очигледно е дека Баерн има многу проблеми во одбраната. Нојер никогаш не примил повеќе од 32 гола од пристигнувањето во Баерн во 2011 година од Шалке, а тој број на голови веќе е израмнет по 23 натпревари оваа сезона.

Сигурно е дека до крајот на сезоната, Нојер ќе го сруши негативниот рекорд по бројот на примени голови во дресот на Баерн, а можеби дури и во неговата кариера. Мануел прими најмногу голови во кариерата во сезоната 2010/2011 во дресот на Шалке кога го заврши шампионатот со 44 примени погодоци.

Се вчитува...