Неверојатно: Промашување на кариерата на Ерлинг Халанд

Манчестер Сити има негатива од 0-1 по првото полувреме од градското дерби со Манчестер Јунајтед, а главен виновник за тоа е Ерлинг Халанд, кој промаши неверојатна шанса во 45. минута од овој суперинтересен натпревар.

Акцијата беше беспрекорна, Фоден од вториот дирек со глава ја спушти топката на два метри, каде Халанд имаше лесна задача да ја смести во топката.

Сепак, норвешкиот голгетер се посрамоти шутирајќи над гредата, на шок на Пеп Гвардиола, соиграчите и сите навивачи на Сити на „Етихад“.

Промашувањето на Ерлинг Халанд, можеби најголемото во неговата кариерата, можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...