Неверојатно шоу на Левандовски, хет-трик за 21 минута, Халанд го спаси Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја одржува предноста на врвот од табелата во Бундеслигата пред Лајпциг, откако во 26. коло убедливо триумфираше со 4-0 против Штутгарт.

Неверојатно прво полувреме одигра Баерн Минхен постигнувајќи ги сите четири гола до 45. минута. И тоа хет-трик запиша Левандовски за само 21 минута, со головите во 18., 21. и 39. минута, а Гнабри погоди во 22. минута за запишување во листата на стрелците.




Халанд со гол во 90. минута, пак, донесе бод за Борусија Дортмунд од гостувањето против Келн за 2-2. Халанд во 3. минута беше стрелец и на првиот гол за „милионерите“. Дуда од пенал во првиот дел, и Јакобс во 63. минута беа стрелци на головите за Келн.


РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО

Баерн Минхен – Штутгарт 4-0

Келн – Борусија Дортмунд 2-2

Ајнтрахт Ф. – Унион Берлин 5-2

Вердер – Волфсбург 1-2

Шалке 04 – Борусија М. (18:30 ч.)

Се вчитува...