Неверојатно: Случајно го сопна судијата, тој се обиде да му врати, па го исклучи! (ВИДЕО)

И ова го видовме во европскиот фудбал, и тоа на врвно ниво на мечот меѓу Нант и ПСЖ. Фудбалерот на Нант, Диего Карлос, случајно, во трчање, го сопна судијата Тони Шапрон, кој потоа се обиде да му возврати, а откако стана, му покажа втор жолт картон и го исклучи.

Овој неверојатен момент сигурно ќе биде тема за дискусија во Франција наредните денови, а сигурно ќе се врти и како еден од најсмешните видео инсерти…

Се вчитува...