Неверојатно: Тотенхем прими три гола во последните 10 минути и прокоцка победа во дебито на Бејл (ВИДЕО)

Тотенхем имаше неверојатен почеток на дуелот против Вест Хем во 5. коло од Премиерлигата. За само 15 минути составот на Жозе Мурињо отвори со три гола, но неверојатно дозволи три гола во последните десет минути од мечот за конечни 3-3 на дебито на Герет Бејл по враќањето во лондонскиот клуб.

Уште во 1. минута извонредниот Хјонг-Мин Сон донесе предност од 1-0…

А, потоа во 8. минута и во 16. минута два погодоци постигна Хари Кејн за 3-0.
Сепак, во вториот дел гостите приредија шок за Мурињо и неговите избраници, постигнувајќи три гола, во 82., во 85. минута, и во 94. минута преку Ланцини за 3-3.

Деби на натпреварот имаше за Герет Бејл кој влезе во игра во 72. минута од средбата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...