Невиден хаос во Англија: Ерик Дајер во пресметка со навивач на трибините (ВИДЕО)

Тотенхем синоќа е елиминиран од Норвич во ФА Купот, но по натпреварот централна тема е хаосот кој следеше на трибините. Фудбалерот на Тотенхем, Ерик Дајер се впушти во публиката да се пресмета со еден од навивачите на домашниот тим.

 

Менаџерот Жозе Мурињо, по натпреварот информираше зошто Дајер се одлучил на срамен чин и пресметка со навивач на клубот.

„Ми рече дека еден од навивачите жестоко го навредил, а бил нападнат и неговиот брат на трибините. Ерик направи нешто што професионалците не смеат да го прават, но во овој случај секој од нас би го направил истото. Дали клубот ќе го казни? Не знам, но јас нема да се согласам со тоа“ – истакна Мурињо по натпреварот.

Фудбалската асоцијација на Англија сигурно ќе покрене процес против Дајер по овие сцени, по кој би можел да биде жестоко казнет.

 

Се вчитува...