Невиден шок: Дрим-тимот на САД изненаден од Нигерија

Американскиот дрим-тим е огромен фаворит за златниот медал на ОИ во Токио, па токму затоа шокантно делува информацијата дека оваа селекција загуби на контролниот меч против Нигерија со 87-90.

Африканската селекција имаше извонредна шутерска вечер погаѓајќи дури 20 тројки, но изненадувачки е фактот дека Нигерија ги натскока Американците со 46 скокови во борбата под обрачите наспроти само 34 на големиот фаворит. Селекторот Мајк Браун (екс-стратег на Кливленд и ЛА Лејкерс) очигледно знае како да го извлече максимумот од талентираниот нигериски состав, во чии редови блескаше Геј Винсент од Мајами, стрелец на шест тројки и вкупно 21 поен.

Кевин Дурант со 17 поени беше прв стрелец на САД, пред Тејтум со 15 и Демијан Лилард со 15 постигнати поени.

Се вчитува...