Невил до Солскјер: Покажи му на Роналдо кој е главен овде!

Оле Гунар Солскјер се соочува со зголемен притисок во Манчестер Јунајтед откако „црвените ѓаволи“ останаа без триумф на последните две средби на домашен терен, против Астон Вила и Евертон. Згора на тоа, главната „ѕвезда“ на тимот Кристијано Роналдо остана на клупата за резерви и влезе во игра во второто полувреме, за по последниот свиреж на судијата самиот да истрча кон соблекувалната, видно разочаран од случувањата на теренот.

Екс-капитенот на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, во анализа за „Скај Спортс“ му порача на Солскјер дека мора што поскоро да го реши проблемот со Роналдо и неговото однесување.

„Гледав како Роналдо го напушта теренот и не можам да кажам дека ми се допадна неговото однесување. Бил несреќен што не игра? Што не даде гол? Што тимот не победи? Па ние ги знаеме сите тие работи, но начинот на кој го покажа незадоволството, со напуштање на терен без да се поздрави со тренерот и соиграчите, тоа испраќа погрешна порака. Тој е доволно паметен за да знае дека со таквиот потег ќе изврши притисок врз тренерот, и тоа врз тренерот што веќе се соочува со доволно голем притисок. Оле мора да реагира, да покаже кој е главниот во клубот, тој веќе имаше една суперѕвезда во Пол Погба што ја изменаџира доста добро. За Солскјер нема дилема, мора да се грижи за себе, ако треба да биде и себичен понекогаш, бидејќи ако не го стори тоа целосно ќе го загуби авторитетот“, порача Невил.

Се вчитува...