Невил: Јунајтед е феномен – Потрошија милијарда фунти, а играат волку лошо!

Тимот на Јунајтед доживеа вистинска бламажа во натпреварот против Брентфорд. „Црвените ѓаволи“ беа декласирани со 4-0 за само едно полувреме.

После натпреварот разбирливо стигнуваат многу критики за играта на „ѓаволите“, а еден од критичарите беше и клупската легенда Гери Невил.

„Тен Хаг избра нешто понизок состав затоа што сметаше дека така ќе го надигра Брентфорд, но изгледаа како деца. Брентфорд ги демолираше, секоја чест на Томас Франк. Мислам дека Јунајтед е феномен, потрошија милијарда фунти, а играат волку лошо“, иронично искоментира Невил.

Се вчитува...