Невил: Јунајтед само ќе сонува титула со Мегваер и Линделоф во одбраната

Очајната игра и убедливиот домашен пораз од Кристал Палас експресно го крена притисокот врз Оле Гунар Солскјер, но уште повеќе врз управата на Манчестер Јунајтед поради фактот дека „црвените ѓаволи“ очигледно со играта се далеку зад тимовите кои ќе се борат за титулата. И додека Јунајтед го потроши цело лето преговарајќи за Џејдон Санчо, клупската легенда Гери Невил јавно проговори за најголемиот проблем на овој клуб – очајната игра во одбрана на тандемот Мегваер – Линделоф.

Проблемите со кои дефанзивците на Манчестер Јунајтед се соочуваа во текот нa ланската сезона уште повеќе се зголемила на стартот од новата, откако Заха и соиграчите си поигруваа со скапо платените „црвени ѓаволи“.

„Можеме колку сакаме да зборуваме за Санчо, но Јунајтед никогаш нема да стане шампион додека ги има Мегваер и Линделоф за први опции во одбраната. Под итно е потребен нов играч кој е побрз во трчањето и кој знае да се одбрани во ситуации „еден на еден“. Немам дилема, Јунајтед мора да донесе подобар и подоминантен дефанзивец. Ако ги погледнете најдобрите тандеми во одбраната во последните десетина години, секогаш еден од двајцата бил побрз и ги запирал брзите офанзивци на противникот. Олд Трафорд има голем терен, Јунајтед игра напаѓачки фудбал и нормално е да остави простор зад себе. Проблемот е што во тимот нема доволно брзи играчи во одбраната што би ги неутрализирале ривалите“, вели Невил.

 

Се вчитува...