Невил: Ова е мојот погреб – да гледам како Ливерпул чекори кон титула

Гери Невил, кој во кариерата освои бројни трофеи носејќи го дресот на Манчестер јунајтед, не крие дека тешко му паѓа да гледа како големиот ривал Ливерпул сега чекори кон титулата, со која би се израмнил со „црвените ѓаволи“ по бројот на титули.

Не може да биде поболно за мене. Ова беше како погреб, се облеков во црна гардероба, ставив дури и црна вратоврска. Како некој што е голем навивач на Манчестер Јунајтед, да гледате како Ливерпул чекори кон титулата, нема поголема казна од тоа. Ливерпул е  единствениот тим што може да му парира на Јунајтед по традиција, историја, глобална фан-база и успех, а со евентуално освојување на титулата ќе се наметне како нова сила во Премиер-лигата. Затоа, тешко е да се следи она што се случува“- прокоментира Невил.

Тој потенцира и низа сличности на овој тим на Ливерпул со шампионските генерации на Манчестер Јунајтед под водство на Алекс Фергусон.

„Овој тим на Ливерпул е многу добар, има неверојатна работна етика и колку и да не сакам да признам, има многу сличности со тимовите на Јунајтед за кои јас настапував. Тимскиот дух, непредавањето до самиот финиш, головите во судиското продолжение, тоа беше нешто што го одликуваше Манчестер, а сега е заштитен знак на Ливерпул“ – открива Гери Невил.

 

Се вчитува...