Невил со порака до Роналдо: Што има да чекаш две недели, излези сега и збори!

Кристијано Роналдо продолжува да биде во центарот на вниманието. Португалскиот ас изјави дека медиумите објавуваат лаги и дека само пет од сто вести поврзани за него се точни, а вистината ќе биде објавена во интервју во следните недели.

Коментарот на Роналдо не помина без одговор од неговиот поранешен соиграч, а денеска аналитичар за Скај Спортс, Гери Невил кој вели дека со оглед на ситуацијата во која се наоѓа Манчестер Јунајтед треба да излезе веднаш да и збори.

„Зошто најдобриот играч на сите времиња мора да чека две недели за да им ја каже вистината на навивачите на Манчестер Јунајтед? Излези сега и збори. Клубот е во криза и му е потребен лидер кој ќе каже што се случува. Тој е единствениот кој може да се справи со оваа ситуација“, вели Невил.

Се вчитува...